Во кабината имало 11 лица. Две деца биле пренесени со хеликоптер во болница во Торино
Девет лица загинаа откако се откачи кабина на жичарницата што го поврзува езерото Маџоре во Италија со блиската планина, пренесе агенцијата АНСА.

Жичарницата „Стреза Мотароне“ за околу 20 минути превезува туристи и локални жители од познатиот град Стреза, на езерото Маџоре, до врвот на планината Мотороне, на надморска височина од околу 1 400 метри.

„Се случи сериозна несреќа на жичницата Стреза-Мотароне. Спасувачките екипи се на самото место, како и два медицински хеликоптери“,

објави италијанската служба за спасување на алпинисти.

Кабината на жичарницата паднала од релативно висока точка на земјата во подножјето на голема шума и е целосно смачкана, пренесува Corriere Della Sera.

АНСА јавува дека во кабината имало 11 лица и дека две деца биле пренесени со хеликоптер во болница во Торино.