Попладнево на булеварот „Партизански одреди“, се случи тешка сообраќајна несреќа, по која интервенираше екипа од службата за Итна медицинска помош.

Според очевидци, автомобил и мотоцикл се инволвирани во несреќата кој се случи во близина на трговскиот центар „Антико“ во населбата Карпош 4.

Според првичните информации повредени се четири лица.