Унгарскиот фудбалски судија Шандор Пул, кој го судел финалето на Светското првенство во 1994-та година, почнал денеска на 65 години, соопштил Фудбалскиот сојуз на Унгарија.

Пул во 1994-та година го судел финалето помеѓу Бразил и Италија, кое завршило со победа на Бразил по изведување на пеналите.

Три години подоцна го судел финалето на Лигата на шампионите, во кое Борусија Дортмунд го совладала Јувентус.

Тој четири пати по ред бил прогласуван за најдобар светски судија, меѓу 1994-та и 1997-ма година.

Судиската кариера ја почнал во 1894-та година, а последните години работел како потпретседател на судиската комисија на Фудбалскиот сојуз на Унгарија.

Во интервјуто кое го дал за унгарските медиуми во 2014-та година рекол дека работата на судијата “е што повеќе да ги забавува гледачите”.

“За судија е навистина поучно кога ќе почувствува дека успеал да ја подобри играта благодарение на своите одлуки. Судии би требало да станат само оние кои можат да се откажат од своето его”, рекол Пул.

Извор ТОЧКА.МК