Една од најпопуларните манекенки на денешницава брзо се вратила во форма по породувањето и ужива во сите волшепства на пролетната мода.

Американската менекенка и актерка Емили Ратајковски отсекогаш привлекувала внимание со своите модни избори, а папарацо фотографите секогаш ја следат – особено сега кога стана мајка.

Убавицата се прославила со појавувањето во спотот на Робин Тик за песната „Blurred Lines“, а позната е по своите облини.

Сега таа одлучила да ја истакне својата фигура на тело во текот на топлите денови на њујоршките улици.

Таа во текот на прошетката била фотографирана во мини верзија на кошула-фустан во бела боја којшто има „пуф“ ракави, а него го искомбинирала со едноставни бели патики

Иако не била премногу расположена за позирање, сепак фотографите ја „уловиле“ и минијатурната чанта со жолто-портокалови тонови, единственото модно парче во боја во оваа модна комбинација.