Ѕвездата на Барселона и на Франција, Антоние Гризман денеска е главна вест во спортските таблоиди откако го доби третото дете. Сите три деца на се родени на ист ден, 8 април.

Првото е родено во 2016, второто во 2019, а третото денеска.

ПОВЕЌЕ: Швајнштајгер со честитки за Македонија: „Овие момци си ја заслужија победата“

Легендата на германскиот фудбал Бастијан Швајнштајгер утринава изрази честитки за победата на Македонија над репрезентацијата на Германија, коментирајќи го текот на натпреварот како исполнет со несреќни пречки за македонската репрезентација која успеа да ги надмине и да постигне досега незабележан успех.

Мојата почит за Македонија, несреќен пенал против нив, чист пенал за нив не беше досуден а сепак овие момци ја однесоа нивната победа против четворократен светски шампион. Честитки. – напиша Швајнштајгер на Твитер.