Вакцина, вакцина, вакцина, за тебе и за мене е спас, дај да те боцнувам јас

Малце ќе те пецне, малце ќе те боцне, љубов знам ти треба и малку на, на, на.

Многу сака таа Ангелина да и дојде редот за вакцина

Ова е хитот на денот односно песната која со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. На прашањето Денко, како во недела на работа?

Еве го одговорот, пишува Денис Јанкуловски, еден од луѓето кои правеа тестови на терен во изминатиов период познат како Космонаутко.

Линк од објавата на Денис Јанкуловски

Тој веднаш потоа сподели и друг статус:

За професорката Груева од мојто ми либе Biljana Jankulovska сите овие години слушам само убави зборови. За нејзе како учител, како човек, како личност која со својот авторитет, знаење и однос оставила длабока убава трага кај либето ми и нејзините и мои охридски другари. Но очигледно и кај многу генерации. Хемија ама воопшто не сакам а криво ми е што ете токму оваа Професорка не ми предавала, можеби ќе научев за 1-2-3 триокси, итн, итн.

Денес го имав тоа задоволство да ја запознаам и да се уверам во долгогодишните зборови за неа. И токму нејзе да ја вакцинирам. Наздравје Професорке и се гледаме за ревакцинација. И секако на кафе негде на Пристанишче

Гуш и бац од Космонаутко