Инфлунерсерката Корнелија Слуњски која ја следат речиси 60.000 луѓе на Инстаграм, изнела контроверзно мислење во врска со романтичните состаноци и покрена лавина од негативни коментари на социјалните мрежи.

Корнелија позната под псевдонимот „Koko Beaute“ често споделува совети за убавина, но и за машко-женските односи. Неодамна таа објавила видео во кое зборува за состаноци и кое добило над 2,5 милиони прегледи.

„Не прифаќам кафе или прошетка како опција за состанок“, изјавила таа во видеото и предизвикала бурни реакции.

„Како прво, не сум куче кое треба да се прошета. Второ, дома имам апарат за кафе кој одлично работи“, објаснила таа и додала дека ниту одењето на пијалак не е опција бидејќи тоа значи дека мажот сака да ја напие и да ја одведе дома.

„Вака изгледа мојот совршен состанок: ме собираш, доаѓаме во ресторан и таму гледам какви се твоите манири, што ќе нарачаш и дали знаеш да јадеш со стапчиња. Малку ќе те проучувам“, им порача Корнелија на своите идни додворувачи и заклучила дека вечерата за неа е единствената опција.

Видеото може да го погледнете

овде