Пред камерите се случи инцидент и упад во прес конференцијата на штипскиот градоначалник, Сашко Николов, токму на стогодишната на Противпожарниот дом.

Поранешниот пожарникар, Александар Ѓеорѓиевски упадна на пресот, барајќи одговори од Николов.

Страстите се смирија на двете страни, па пресот продолжи, по што Ѓеорѓиевски побара одговор, зошто Николов не му одговорил на неговите барања повторно да се врати на работното место во Противпожарниот дом, со ветување дека платата ќе ја донира во хуманитарни цели.

Ѓеорѓиевски побара и одговори дали локалната власт знае во каква состојба е Противпожарниот дом и кога пожарникарите ќе добијат нова опрема.

Штипскиот градоначалник најави и дека наскоро ќе пристигне и новото противпожарно возило, а хуманираната работа на Ѓеорѓивски ќе биде вклопена во Солидарниот фонд. Неколку минутната дебата заврши со ракување меѓу нив.