Откако денес се појави страница насловена како „Фонд за социјална помош на Кока-Кола“ која масовно беше препраќана на месенџер на фејсбук, се огласи и компанијата на Кока Кола.

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛАЖНА СТРАНИЦА

Во интернет просторот се појави лажна страница која се претставува како The Coca-Cola Company, би сакале да Ве известиме дека во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување.

За сите моментални наши активности може да се информирате на Coca-Cola.mk, стои во соопштението на официјалната страница на Кока-Кола.

Еден од најпопуларните коментари на овој пост е: Ах бе цел ден фрчат пораки, овој народ верува на се, мислеа наградна игра е.

Фото од пораката која денес пристигна во инбокс на многу граѓани на Фејсбук