Квадрат во скопски Центар ќе надмине 2000 евра. Цените на становите допрва ќе растат, велат од Градежната комора. Причина за забрзаниот раст на цените има повеќе, но главно е дека растат цените на материјалите за работа. Според пресметките на комората, градежните материјали се поскапени за 80%, а се поголем проблем претставува и нивната набавка заради пандемијата. За градежните и работната сила станува се поскапа.

Високата цена на метар квадратен во централното градско подрачје во Скопје ја диктира и недостигот на станови затоа што многу се купува во услови кога малку се гради.

Градежниците велат дека иако секторот не бил директно погоден од пандемијата, не останал имун на кризата заради поврзаноста со другите гранки. Во текот на 2020 градежништвото паднало за 2,1%, но негативниот тренд продолжил и годинава.

ПОВЕЌЕ: Ако не се гради кај „Холидеј ин“, компанијата инвеститор ќе тужи – ќе плаќа Центар

Компанијата „МГ фешн“, која е инвеститор на објектот што треба да се гради спроти „Холидеј ин“, најави тужба ако се суспендира спорниот Детален урбанистички план. Според инвеститорите, тие би претрпиле материјална штета од милиони евра, за кои надомест ќе бараат од Општина Центар

Според компанијата, овој Детален урбанистички план е донесен законски и идејното решение, кое е одобрено од Општина Центар, велат дека е со параметри кои се 55 проценти помали од предвидените со важечкиот ДУП.

Општина Центар сѐ уште не свикува седница на која би одлучиле дали ќе бараат суспензија на деталните урбанистички планови, кои ги држеа под мораториум затоа што не се во согласност со ГУП од 2012, а за кои веќе еднаш одлучија – градоначалникот Саша Богдановиќ да почне постапка за суспензија. Одлуката беше во декември 2020, но од тогаш освен што е побарано мислење од Министерството за транспорт, официјално не се поднесени елаборати за суспензија на дел од плановите или на цел ДУП, како што предвидува Законот за урбанизам.

Вчера Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Јавното обвинителство да истражи злоупотреба на службена положба од страна на поранешните градоначалници на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, како и на тогашните раководители во секторот урбанизам на Град Скопје и Министерството за транспорт и планерите, затоа што во 2012 година со носење на ДУП за „Голем ринг“ им обезбедиле поголема имотна корист на актуелните сопственици на парцелите спроти „Холидеј ин“