Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по гостувањето на Канал 5 телевизија, сподели фотографија од интервјуто за „Само Интервју“ и напиша:

За првпат во историјата на Македонија покажавме дека можат да се спроведат во пракса социјалдемократските идеи: зголемена минимална и просечна плата, поддршка на социјално загрозените, без да се нанесе штета на економијата како што тврдеше ВМРО-ДПМНЕ.

На ова реагираше Игор Дурловски кој го сподели истото заокружувајќи го делот со Македонија, алудирајќи на тоа дека не е искористена придавката „Северна“. Еве што напиша тој:

Секое некористење на придавката северна во името го поздравувам макар било и од кумовите на истото