Хелиkоптер „Блек хоук“ (Црн јастреб), се урна на Филипините за време на ноќната обука.

Во несреката загинаа сите шест лица кои се наоѓале во леталото, соопштија денеска локалните власти.

Потрагата започна кога хеликоптерот Ѕ70i доцнеше со пријавувањето во воздухопловната база во градот Капас во провинцијата Тарлак, 92 километри северно од Манила, соопштија воздухопловните сили.

– Тројца пилоти и тројца припадници на виjaцијата загинаа во несреkата која се случи синоќа. Целата флота на „Блек хоук“ е приземјена додека се спроведува истрагата за инцидентот, изјави министерот за одбрана Делфин Лорензана.

Мејнард Маријано, портпарол на авијацијата, истакна дека ноќната обука била спроведена пред „Блек хоук“ да биде целосно распореден во неговата мисија.