Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вечерва реагираше на навредите и провокациите од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, упатени кон македонскиот народ и премиерот Димитар Ковачевски.

Шилегов напиша дека бил запрашан зошто досега на реагирал на изјавите на Џамбаски.

-Имало некој си бугарски европратеник Џамбаски (велат бил он нивното ВМРО, ко демек се различни …) Ме прашуваат, зошто не сум реагирал на неговите изјави ?

Им велам, никогаш, ама баш никогаш во мојот живот (за било кое прашање), не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп. Џабе ќе се трудам…, стои во објавата на Шилегов на социјалните мрежи.