Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, беше гостин на естрадниот магазин ,, Бекстејџ”.
Тој беше на ,,тест” возење со новинарката на ,,Бекстејџ”, a додека го возеше својот автомобил одговори на повеќе прашања.

Тој на прашањето ,,Дали ние како Македонци имаме сообраќајна култура”? – одговори:
,,Па не можам да кажам дека до крај се придржуваме на прописите општо.

Ама такво е поднебјето Балканско, на сите народи во Балканот кога се во прашање прописите. Гледаат како да се протнат, да прекршат некое правило, отколку да го испочитуваат. Иако мислам дека тоа е нормално во големите градови, секој бара начин да го скрати своето патување.” – потенцира Шилегов.

Тој призна дека направил прекршок, но и дека добил казна.
,,Тоа беше за брзо возење на автопат.” – кажа Шилегов.

Според него, и мажите и жените возат подеднакво добро, земајќи ја за пример својата сопруга, за која вели дека вози исто како него. Тој ја пофали и шоферката на ЈСП, Милфије како добар шофер.
Гостувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во целост може да го погледнете овде