Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најавува дека со новиот автобуски превоз „трамвај на тркала“ Градот ќе заштедува 8 милиони евра годишно.

-33 МАН автобуси кои се на гас во моментов, Градот за нив 1,4 милиони денари неделно за гориво. Истите такви, 33 дизели, овие се кинеските, троши Градот на нив 4 милиони денари неделно. Кога ќе го пуштиме целосно системот ќе го доведеме на самоодржливост јавниот транспорт, и тоа е многу важно. Затоа што ние трошиме годишно 8 милиони евра да ги надоместуваме загубите кои се генерираат со јавниот транспорт, сега тие пари ќе ги заштедуваме. И тие пари градот ќе може да ги употребува за други работи – рече Шилегов на ТВ 21.