На последната седница на советот на општина Кавадарци беше усвоен нов правилник за плати и други надоместоци на плата на вработените во ЈП Комуналец, со кој се зголемува бодот за исплата на плати и други надоместоци на плата и тоа на даватели на јавни услуги и помошно технички персонал.
Оваа одлука ја образложи пред советниците градоначалникот Митко Јанчев.

Тој во своето излагање кажа дека јавното претпријатие го затекнале со приход од вкупно 170 милиони денари, а благодарение на Владата, премиерот Зоран Заев и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев кои се согласиле да дадат фитинг тарифа за постоечките централи, а тоа биле околу 30 милиони денари, а општината Кавадарци има плус 40 милиони денари, со што вкупно во јавното претпријатие има 240 милиони денари приход.

Сето ова допринело за подигање на платата на сите вработени во јавното претпријатие ,,Комуналец” започнувајќи со тековниот месец мај.
Тој појасни дека оваа институција ја затекнале во добра кондиција, но со намален број на добри раководни лица.