Вакцините против КОВИД-19, во комбинација со ефективно тестирање и со придржување кон постојните мерки, се од пресудна важност за да се стави пандемијата под контрола. Со неколку потенцијални вакцини одобрени од Светската здравствена организација, земјите, вклучително и Балканот започнаа со имунизација против КОВИД-19.
Многу јавни личности се вакцинираа пред камери со цел да докажат дека вакцините се безбедни и ефикасни, а тоа да биде поттик за граѓаните да се вакцинираат. Меѓу оние кои се вакцинираа јавно е и поп дивата Јелена Карлеуша.

Јелена Карлеуша знае често да го привлече вниманието на Балканската јавност, со нејзините модни комбинации, но и поради учеството во ,,Ѕвездите на Гранд”, каде е дел од жирито.
Изминатиов период, актуелно на Балканот е исфрлањето на учеснисничката во ,,Ѕвездите на Гранд”, Вања Кнежевиќ, зад која застана и победникот на Евровизија, а причина беште токму Карлеуша.

,,Во знак на почитување на здравствените работници кои повеќе од една година спасуваат животи на заболените со Kовид-19, во знак на почит за починатите и нивните семејства, во знак на трудниците кои ги губат животи и децата кои се повеќе заболуваат – СЕ ВАКЦИНИРАВ!

Да се врати планетата во нормалниот живот- се вакцинирав затоа што верувам дека тоа е пат на решение! Вакцината нема и не смее да има политички конотација! ” – напиша Јелена на својот фејсбук профил откако јавно се вакцинира со вакцината на Фајзер/Бионтек