Фејсбук статус на новинарката

Јорданка Ивановска Јоци

На ,,Партизанска” вака секој ден. Десна крајна лента , каде минуваат автобуси – блокирана од непрописно паркирани. Тоа создава метеж на другите две ленти.

Хаос невиден.

Истата прикаска е и на ,,Ленинова” како во Буњаковец, така и во Д.маало.

Петре, прво среди си го сообраќајот во цел град, пред да бараш втор мандат. Неподносливо е човек да биде возач, пешак и велосипедист во Скопје, во твој мандат.

Твоите претходници барем ставаа гумени граничници за да ја заштитат третата лента. Кои повеќе ги нема.

Ти ни тоа не знаеш да го направиш, да продолжиш таму каде тие застанале.

Претходно Јоци напиша: Улица Козле, општина Карпош.

Ако може градоначалникот скопски, Петре Шилегов, да се стави во погон за елементарни ствари и да ги исече грмушкиве околу дрвјава, за поголема прегледност во сообраќај. Нема прегледност ради овие грмушкиве, Петре, околу стеблава.

Коце редовно ги сечеше, патем.

Види. И не мораш. Ја можам да ги исечам. Али рачунај ќе го направам тоа и ќе објавам дека ти ја вршам твојата работа. Провери колку ти плаќам сметки и даноци, па види зошто те пишувам. И имено, не те сакам. Треба да те пишам и за обично кастрење на грмушки, пошто не праќаш служби.