Јас сум еден од посиромашните новинари. Едвај собрав пари да си купам кола, среќен што ќе имам кола во животов, и еве нема таблици во државава. Не можеш кола да купиш. Земав кредит пошто немам пари да купам автомобил. И сеа замисли нема таблици за автомобилот. Не можам да си ја регистрирам колата. 20 дена нема таблици. И сега во двор си ја гледам, си седам во неа, си пуштам музика човече, ја перам 6 пути дневно. Не можам да си ја извозам колата што си ја купив.

Ние сме негде ко Молдавија, вели Златев и притоа додава дека сме имале златен човек, но тој сега е во Будимпешта.

И тогаш бевме далеку од нормална земја, но имавме некоја стабилност. Еве вчера ми праќа граѓанин дека неговите родители имала закажалено во 17:10 минути за вакцина. Во 17:45 ми праќа слика дека има огромна редица и уште абер немаат да дојдат на ред. Тоа сме ние. Еве ја се карам во полиција, ова е човеково право што не ми даваат таблици да се движам. Им викам ќе ве тужам како држава – вели Златев

Не можам во ниту еден момент да го критикуваме Саше Политико бидејќи ме е греота за него. Јас би му помогнал. Си има проблем човекот, јас како можам, доколку има потреба, би му помогнал, вели Златев.

Зборувајќи за Денко Космонаутко вели дека правел владина пропаганда. Тој прави будала од себе во служба на владината пропаганда, вели Златев и додава: Оди Дац онаму каде што се вакцинираат луѓе, со овој Космонаутко да играат и денсаат. Ние имаме 1 % вакцинација и играме. Не ми треба песна за вакцини, ни требаат вакцини. Не треба Денко Космонаутко да не убедува играјќи дека ние треба да примаме вакцини. Ние знаеме дека треба да примиме вакцина, но нема вакцини, вели тој.