Новите три варијанти на дресовите на македонската фудбалска репрезентација предизвикуваат огромни негативни реакции не само кај спортската јавност.

Многу се шокирани од наглата промена на курсот во ФФМ и новите дресови со кои Македонија за прв пат ќе се промовира на едно европско фудбалско првенство.

Главната боја – бордо и варијантите бело-жолта и црно-виолетова на Македонците во земјава и во дијаспората не им легнаа.

Тргна и петиција на интернет „Македонија на ЕП во старите дресови“! која за неколку часа ја потпишале над 13.000 луѓе.

– Го имавме можеби најубавиот дрес која некоја фудбалска репрезентација го имала! Наместо, да играме со дресот кој носеше радости и победи, дресот за кој целиот фудбалски свет зборуваше колку е уникатен и убав, стручњаците во ФФМ решиле да направат нови дресови, кои воопшто не ја содржат препознатливата црвено-жолта боја и личат како дрес на Летонија. Срамота! Додека не е предоцна, повлечете ги овие дресови од употреба, вратете ги старите и претставете ја Македонија во најдобро светло!“, се вели во објаснувањето за онлајн -петицијата.

Дресот кој прв го промовираше претседателот Стево Пендаровски и во бордо варијанта му го подари на папата Франциск, уште предизвикува бурни реакции.

– Се што допреа – размакедончија! На Евровизија со бугарско знаме, на ЕП со дресови на албанската репрезентација. Во власта изроди од „нашата земја”.

Толку е постот и толку од земјата што беше Македонија, напиша професорката Билјана Ванковска на Фејсбук.

Целиот текст прочитајте го на Скопско Ехо