Повеќе за веста

Во продолжение

Со 72 гласа „за“, 3 воздржани и 5 „против“ во Собранието денеска беше донесен Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка.

Со Законот дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во заштитени подрачја, како национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачје на заштитено недвижно културно наследство, како и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.

Овој Закон предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“. Тој ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно законот.

Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство.