Генијалноста на децата нема граници. Без разлика дали станува збор за песна, јутјуб ѕвезда или ТВ-емисија, децата се познати по тоа што едноставно знаат да бидат страсни обожаватели.

Така, едно четиригодишно дете од Бруклин по име Ноа толку го обожавал Сунѓерот Боб што „случајно“ потрошил скоро 3.000 долари на сладолед во форма на неговиот омилен лик од цртаните.

Според кампањата за собирање средства, објавена на веб-страницата „GoFundMe“, која ја отворила од пријателката на мајката на Ноа, по име Кети Шлос, преслаткиот обожавател на Сунѓерот Боб успеал да купи сладоледи во вредност од 2.618,85 американски долари и ги испратил на адресата на неговата тетка.

И покрај фактот дека очигледно станува збор за грешка, „Amazon“ одбил да ѝ ги врати средствата на мајката на Ноа, Џенифер Брајант, која е мајка на три деца и студира за социјален работник на Универзитетот во Њујорк.

Шлос на „GoFundMe“ објасни дека Брајант не е сигурна како покрај студентскиот заем и другите трошоци поврзани со нејзиното семејство, ќе успее да ја врати и експлозивната нарачка на неговиот син.

За среќа, сочувствителни луѓе веќе донираат за да ѝ помогнат на мајката од Бруклин и собрале дури и повеќе отколку што било потребно, пренесува „Parents“.

„Ви благодарам многу за вашата неверојатна великодушност и поддршка. Бидејќи е дете кое живее со спектар на аутистично нарушување, сите идни донации ќе бидат насочени за образованието на Ноа и дополнителна поддршка. Не можеме доволно да ви се заблагодариме. Навистина“, се заблагодари мајката.

ИЗВОР: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ