Гласовните пораки не се новост, за првпат се појавија во 2013 година, но станаа популарни во март, 2020 година, со почетокот на пандемијата од Ковид-19.

Овие гласовни пораки се поедноставен начин на комуникација, за разлика од обичен повик или текстуална порака, а тоа е главна причина е стравот и анкциозност кои владеат кај дел од младите луѓе кога имаат потреба да направат повик, тврдат психолозите.

Тогаш се поставува прашање како не им е непријатно да испраќаат гласовни пораки. Одговорот е тоа што врз гласовните пораки може да се има контрола.

Гласовните пораки може да се снимаат безброј пати, да се преслуша пред да се испрати и да се избрише доколу испраќачот не е задоволен од содржината на пораката или од својот тон.

Освен тој што испраќа, и оној што ја прима пораката има контрола над пораката. Примачот на гласовната порака може да одлучи кога ќе ја преслуша и кога ќе одговори на пораката, а истовремено добро да размисли што ќе врати на добиената порака.

По пат на телефонски разговор сето ова е невозможно да се исконтролира. Освен тоа, јасно се слуша тонот и начинот на кој се комуницира, па нема недоразбирања околу тоа кој што сакал да каже.

Додека многу луѓе го обожаваат овој облик на комуникација, има и луѓе кои не го сакаат овој начин на комуникација.
На психолозите им била чудна и теоријата по која многу се водат: Сакаат да праќаат гласовни пораки, но не сакаат да добиваат од едноставна причина што не сакаат да слушаат некого минута, две, посебно кога од другата страна се користат фрази како: ,,Како се вика” , ,,Како да кажам”…

Многу сметаат дека гласовните пораки ја олесниле оддалеченоста од блиски луѓе, затоа што со нив било полесно да се слушнат блиските луѓе кога не постоеше можност за гледање во живо. И навистина е така, тврдат стручњаците. Овој начин на комуникација не зближува, поврзува и во нас буди позитивни емоции.

Извор: ,,N1
 
Забрането преземање на содржина без согласност на редакцијата.