Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2 953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 26, Радовиш – 9, Куманово и Кратово – по 6, Прилеп – 5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се 197 оздравени пациенти од: Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2, Тетово и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје (66г, 71г, 76г, 79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г, 70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г).