Популарната навивачка група „Лозари“ од Кавадарци вечерва го прославија 30-тиот роденден на неверојатен начин.

Навивачите кои го бодрат Тиквеш вечерва направија спектакл кој досега не е виден во Македонија. Буквално “гореше“ цел град, а телевизијата „РТК“ емитуваше во живо од целиот настан.

Лозари и кавадарчани вечно ќе го паметат овој роденден затоа што Тиквеш оваа година избори место во Првата македонска фудбалска лига.