Кинескиот ровер Журонг ги испрати првите слики кои ги направи од површината на Марс откако успешно слета преку модулот Tianwen-1 во неделата

Пристигнатите слики прикажуваат панорама од местото Утопија каде започна да истражува роверот Журонг, како и од неговите соларни панели во боја, додека пак претходната слика е во црно бело.

Журонг како ровер треба да функционира во рок од 90 “марсовски” денови при што ќе прави атмосферски, хемиски и геолошки истражувања на површината на Црвената планета.