Google овие денови на својот сервис Google Earth објави алатка која покажува колку луѓето ја промениле Земјата во изминатите неколку децении.

Алатката наречена Timelapse е замислена како анимација на сателитски снимки од нашата планета направени во периодот од 1984-та до 2020-та година.

Со помош на оваа алатка, корисниците можат да направат анимација која ќе прикаже како нивниот град или држава се менувала во текот на годините.

Како што појаснија од Google, анимацијата се создава со помош на бројни фотографии кои ги направиле сателитите на НАСА и ЕУ.

Така, во релативно кратко време можете да видите како градовите растат, а за жал шумите и глечерите се намалуваат или целосно исчезнуваат