Македонската академија на науките и уметностите денеска организираше научен собир посветен на Крсте П. Мисирков.

Собирот со поздравно обраќање ќе го отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, а во три сесии излагања ќе имаат 16 учесници кои ќе се осврнат на делото на Мисирков и на неговото значење за македонската историја и култура.

Ќе бидат промовирани и две изданија – „Преродбата и по неа: Григор Прличев, Димитрија Чуповски“ и „Марко К. Цепенков, македонската народна култура и фолклористика“, а актерот Крсте Јовановски ќе изведе дел од драмата „Последниот ден на Мисирков“ на Јордан Плевнеш.

Македонија се надевам дека нема да отстапи од одбраната на македонскиот идентитет и јазик, тие имаат словенски карактер, ама не бугарски. Геополитичките игри во некои можни сценарија може да предизвикаат штетни последици и за Македонија и за Бугарија, за тоа треба да бидат свесни и македонските и бугарските политичари така збороцивте на мисирков 100 години подоцна се многу актуелни „Други ќе печалат ние ќе губиме”, изјави Коцарев.

Тој изрази надеж дека собирот ќе придонесе разумот и научните аргументи да станат единствена водилка за подобра и просперитетна иднина на државава во која македонскиот идентитет и јазик ќе го задржат словенскиот карактер.

Според академик Катица Ќулавкова, историјата на општеството има два фокуса, па така таа вели дека едниот е национален и поврзан со развојот на државата а другиот е културен и заинтересиран за идентитетските спреги на релација индивидуа, нација, држава.

– Тоа е така затоа што културата и цивизилзацијата колку и да се различни сепак се во заемна рецепција, запишаната и усвоена историја е цивилизациски чин, проекција на колективната меморија, сином за национален консензус, рамнотежа меѓу стварното и имагинарното, значи колку што има култура во цивилизацијата толку има цивилизација во културата, токму затоа сите стабилни истории се плод на контактот меѓу историјата и митската свест, меѓународната и писмената култура и меѓукултурната и политичката автономија, заклучи Ќулакова.