Оваа држава чии 60 отсто од територијата се покриени со шума, доби меѓународно признание за екологија и одржливост.

Земјата која добила најмногу бодови во сите категории и со тоа ја заслужила ласкавата титула на победник е Словенија.

Утврдено е дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, а помеѓу околу 80-те задоволени индикатори се грижата за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност…

Инаку, Љубљана уште во 2016 година ја понесе титулата на најзелен град во Европа. Со рециклирање на отпадот, Словенија е на трето место на листата од 10 земји на ОЕЦД со најмногу рециклиран отпад, а со воведување на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забрана за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, успеа да ја намали емисијата на штетни гасови.

Според податоците, во Словенија постојат 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати