Првата парада на гордоста се одржа лани на 29 јуни во центарот на Скопје.

Активистот Михајлов минатата година изјави дека Парадата на гордоста е протест во кој ЛГБТ-луѓето бараат афирмација, заштита и поддршка на човековите права од страна на државните институции и сите граѓани, активисти, културни и уметнички работници кои имаат прогресивни ставови и вредности, и кои покажуваат солидарност и поддршка на оваа борба.

На официјалната фејсбук страните ,,Skopje Pride Weekend” e најавена нова парада на гордоста, од 2ри до 9ти јуни.

Како што пишува во самата објава, овогодишниот фестивал се фокусира на Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти. Неговата цел е критички да ги истражи нормативните претпоставки за пријателство, љубовта и емоциите врамени во хегемонската хетеронормативност и машките политички морфологии, како и нивните импликации за нашите социо-политички имагинации, особено прашањата поврзани со мислењето, дистрибуцијата и втемелувањата на заедничкото и заедничките добра.