ТикТоk е најновата и, во моментов, најпопуларната социјална мрежа за млади. Предизвиците за тоа се причина за зголемена загриженост бидејќи младите се почесто ја користат оваа социјална мрежа за ГЛУПОСТИ

За почеток, приказната за Тик Ток со две реченици: оваа социјална мрежа е започната во Кина во 2017 година, а на членовите им беше дозволено да користат 15 секунди туѓа музика за да направат свое видео. Значи, започна со пеење на караоке, и заврши со теми и вокабулар што воопшто не се за деца.

Денес го користат најголемите sвезди и има околу милијарда корисници. Го има во 150 земји.

РОДИТЕЛИТЕ се почесто се прашуваат зошто младите го сакаат ТИКТОК толку многу?

1. Ова е место без родители.

Најголемата грешка што родителите можат да ја направат е да не знаат каде се нивните деца.

Ако ги отфрлите сите нови технологии, не успеете барем малку да ги достигнете новите трендови, знајте дека на Интернет е скоро исто како да ги оставате сами на улица во непознат град.

2. Тука нема надзор кај возрасни.

Кој повеќе сака да се „глупира“ од децата и тинејџерите без надзор? Особено ако може да трае „само 15 секунди“ и ништо „да не се случи во реалниот свет“. Додека седи зад вас во автомобилот и се забавува со својот мобилен телефон, детето е изложено на влијанија за кои вие – многу веројатно – знаете многу малку. Дали знаевте дека на „ТикТок“ има поставки што можат да влијаат на тоа како вашето дете ја користи оваа апликација?